10/13/21

Денови на Еразмус+, #ErasmusDays

ОУ Елпида Караманди

Ни претставува огромна чест и задоволство да бидете дел од #ЕразмусДенови, каде што ООУ ,Елпида Караманди’-Битола ќе биде дел од интерактивната мапа со настани во рамките на Еразмус+ деновите заедно со другите европски институции.

Деновите на Еразмус+, #ErasmusDays која е најголемата програма на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, ќе се одржи на 14 и 15  октомври 2021 година во нашето училиште.
Како дел од Ерасмус+ Програмата ООУ ,Елпида Караманди’-Битола е носител на проектот КА229 со наслов ‘Technological Enhanced Primary School’ (‘Технолошки зајакнето училиште’) од кои наши партнери се од Полска, Турција и Шпанија.

Во четврток (14.10) во 11ч пред влезот на училиштето ќе има презентирање на првата размена од Еразмус+ проектот.
Во нашето училиште часовите се реализираат со најсовремена технологија - смарт табла и MIMIO TEACH и со таа цел во петок (15.10) Ве покануваме да присуствувате на часови по математика, музичко образование и англиски јазик во живо преку линк.
Времето на часовите како и линковите ќе Ви бидат споделени во четврток (15.10) на веб страната од училиштето: https://www.elpidakaramandi.edu.mk и ФБ профилот.


0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib