8/30/19

ERASMUS+

ОУ Елпида Караманди



ОУ ,Елпида Караманди'

1. ги повикува сите заинтересирани наставници од одделенска и предметна настава вработени во ОУ,,Елпида Караманди“- Битола да се пријават за учество во Ерасмус Плус проектите КА101 (Мобилност за учење на поединци) и КА229 (Соработка за иновации и размена на добри практики).

2. ги повикува сите заинтересирани ученици од предметна настава од ОУ,, Елпида Караманди"- Битола да се пријават за учество во Ерасмус Плус проектот  КА229 (Соработка за иновации и размена на добри практики).

Пријавувањето ќе се одвива он-лајн, подолу на оваа објава.


Аплицирањето е на англиски јазик и селекцијата ќе се прави врз основа на квалитетот на одговорите на поставените прашања.
                                      

 По извршената проверка од Национална Агенција, Скопје проектот КА101 е одобрен со 12.460,00 евра.  Проектот кој е со тема (Не) Формално Ново Образование е предвидена за 18 месеци почнувајќи од оваа учебна година до ноември 2020 год. Во овој проект се предвидува обука од 5 дена за 4 настаници во Ерфурт, Германија, од страна на НВО CULTURE GOES EUROPE (CGE). Обуката е стекнување искуство, нови методи и пристап за подобрување на наставата со деца со потешкоти во учењето. Оваа обука се предвидува да се реализира за време на првото полугодие од учебната 2019/2020 год.
Овој проект исто така предвидува Job shadowing (посета на настава во друго училиште). Оваа посета ќе се изведува во Аксарај, Турција, во училиштетот Тимур Сарафоглу Илкокулу. Предвидени се 5 дена за 4 наставници да го посетуваат ова училиште и да ја следат наставата стекнувајќи се со нови методи, пристап, и искуства. Оваа посета се предвидува за второто полугодие од оваа учебна година.
Стекнатите искуства од двата активности, наставниците ќе ги споделат на наставници во училиште како и на наставници во други училишта во градот во форма на обука или работилница.



Исто така, по извршената проверка од Национална Агенција, Скопје, проектот КА229 е одобрен со буџет од 122,220,00 евра. Проектот со тема Подобрување на Технологијата во Основно Училиште, предвидува размена на ученици и наставници. Вклучени се 3 партнери каде ОУ ,Елпида Караманди' е домаќин училиште. Размената ќе се прави со училишта од Турција, Аксарај, основното училиште Тимур Сарафоглу Илкокулу;  Полска, Proszowice, Poland во основното училиште Szkola Podstawowa nr 2 w Proszowicachи и Elche, Шпанија во основното училиште Ceip San Antonio. Размената ќе биде од 10 ученици и по 2 наставници за секоја размена. Раземната предвидува споделување искуства со употреба на современа технологија (MIMIO) во основно образование. Овој проект е предвиден да трае оваа учебна година до август 2021 год.  По завршувањето на секоја размена, учениците вршат дисеминација на свои сооченици како и наставниците во форма на обука или работилница.



Веб страни на нашите партнери:

Германија: Culture Goes Europe (CGE) – www.cge-erfurt.org

Полска: Szkola Podstawowa nr 2 w Proszowicach – www.sp2.proszowice.pl

Шпанија: Ceip San Antonio – www.ceipsanantonio.es





0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib