11/21/19

Интерактивно предавање од ЈП Комуналец

ОУ Елпида Караманди
На 21.11.2019г на покана од ЈП Комуналец , ученици од природно научната секција беа на интерактивно предавање, подготвено и реализирано од вработени во ЈП Комуналец кое се одржа во куќичката на Дедо Мраз . Целта беше учениците поблиску да се запознаат со работата на ова претпријатие, да разберат дека и тие самите се многу важен сегмент во одржувањето на чистотата и зеленилото во градот и можат многу да придонесат со своите лични примери на правилно складирање и селектирање на отпад како и преку влијанието што можат да го направат на своите врсници , па и пошироко на оваа тема.
            

0 Коментари:

Coprights @ 2016, Blogger Templates Designed By Templateism | Templatelib