Во соработка со Општина Битола и Здружение за поттикнување на културниот и економски развој „ЕРЦ Соработка“ – Битола
се спроведе волонтерска акција во ООУ ,Елпида Караманди’-Битола каде се
засадија 22 ниско-растечки зимзелени дрвца финансирани од општина
Битола, при локалниот совет за волонтерство, украсувајќи го училишниот
двор.
Целта
на оваа волонтерска акција беше зголемување на тимска работа и
заедничка соработка; подобрување на социјализацијата и комуникацијата
помеѓу ученици од различни структури, пол, етничка припадност како и од
различни социјални структури и инклузирани ученици; училишниот двор да
биде мотивирачки и релаксирачки како за учениците така и за вработените;
развивање на креативноста и иницијативноста за слободно уметничко и
литературно изразување кај учениците; зголемување на свест и развивање
на чувство на одговорност и грижа за животната средина, одржување и
одгледување.
0 Коментари:
Post a Comment